Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Најнови вести Сите вести
Натпревари - Основно школо

СПИСАНИЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НУМЕРУС 44_2////ГОЛЕМ УСПЕХ НА МЛАДИТЕ МАКЕДОНСКИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ///РАСПОРЕД ЗА ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ, КОЛЕГИ, МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ
Ве известувам дека бројот 44_2 од Научно-популарното списание Нумерус, наменето за учениците од основното образование ИЗЛЕЗЕ од печат. Има благодариме на печатарите на истото за ЕКСПРЕСНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА за да истото биде достапно до вас. Напоменувам дека истото МОЖЕТЕ ДА ГО НАРАЧАТЕ на истиот начин на кој го порачувавте досега. 
Со почит
проф. д-р Алекса Малчески
___________________________________________________________________________
ОД СВЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА МАТЕМАТИКА
Почитувани ученици, ОЛИМПИЈЦИ, нивни МЕНТОРИ
___________________________________________________________________________
ИНФОРМАЦИЈА ОД АДМИНСТРАТИВНО ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР-Општински натпревар за учениците од основното образование 2019
Почитувани колеги, ученици, админстративен кадар, граѓани на Република Македонија
СММ со полн капацитет ги спроведува натпреварите по математика за учениците од основното образование во учебната 2018/2019 година. Со таа цел, по повикот до админстративно-тахничкиот кадар во Република Македонија, во прилог ги објавуваме училиштата и добиените информации за ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА за учениците од основното образование. Во прилог ја доставуваме табелата со досега одбрани домаќини за оваа најважна манифестација од областа на образовната математика. 
прилог табела     види тука
Секој нареден домаќин, во оваа вест или во некоја вест која ќе следува како повторена (повторувањето е од технички причини), ќе биде јавно објавен во табелата. 
Со почит 
административно техничко лице при СММ 

15/02/2019

Натпревари - Средно школо

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019-информација од технички карактер

ПОЧИТУВАНИ НАТПРЕВАРУВАЧИ
Регионалниот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 16.02.2019 година со почеток во 10:00 часот. Во прилог се писмата покани кои ќе бидат соодветно испратени до училиштата во Република Македонија. 
Регион Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар, Крушево              види тука
Регион Скопје                                                                                                                  види тука
Регион Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Богданци                     види тука
Регион Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, св. Николе, Куманово                         види тука 
Регион Струмица,Штип, Кочани, Берово, Делчево, Мак. Каменица, Радовиш          види тука 
Регион Струга, Маврово Ростуше, Центар Жупа, Кичево, Гостивар, Тетово,            види тука
Забелешка. Во делот на писмата во кои недостасуваат училиштата домаќини, истите не се обезбедени. За жал СММ нема повеќе технички можности истото да го стори, и да обезбеди домаќини. Значи во тој регион натпревар нема ни да се одржи. Секоја промена на информациите ќе биде објавена во оваа вест на овој сајт.
Со почит 
проф. д-р Алекса Малчески
___________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ НАТПРЕВАРУВАЧИ и КОЛЕГИ
Ве информираме дека натпреварот во РЕГИОНОТ-ПРИЛЕП, БИТОЛА, МАКЕДОНСКИ БРОД, КРУШЕВО, ДЕМИР ХИСАР и РЕСЕН ќе се одржи на ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ во Прилеп. Да има заблагодариме на прилепското друштво на математичари и на секогаш спремната колешка Елизабета Гагалеска(070 353 045) за нивниот ангажман.
Со почит
Алекса Малчески 

12/02/2019

Натпревари - Средно школо

ИНФОРМАЦИЈА ОД ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР_пласман на Регионален натпревар за учениците од средното образование

Почитувани колеги, натпреварувачи, македонска јавност
Ве информирам дека одлуката на Комисијата за натпревари во срдното образование донесе одлука да на РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ОДАТ СИТЕ УЧЕНИЦИ КОИ на Општинскиот натпревар ОСВОИЛЕ 15 и повеќе поени. Во прилог се списоците на учесници на овој натпревар. 
Регион Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар, Крушево              види тука
Регион Скопје                                                                                                                  види тука
Регион Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Богданци                     види тука
Регион Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, св. Николе, Куманово                         види тука
Регион Струмица,Штип, Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Радовиш    види тука
Регион Струга, Маврово Ростуше, Центар Жупа, Кичево, Гостивар, Тетово,            види тука
СММ ве известува дека спроед правилникот за натпревар во СММ за средно образование на овој натпревар може да учествуваат сите ученици кои не се списоците а кои на минатогодишниот Државен натпревар освоиле награда. 
Натпреварот ќе се одржи на 16.02.2019 година. За местата на одржување ќе бидете известени на овој сајт и со соодветни писма покани до секое училиште одвоено. 
Со почит
Алекса Малчески

04/02/2019

Натпревари - Средно школо

РЕЗУЛТАТИ ОД ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ-ПО РЕГИОНИ

Почитувани натпреварувачи, ментори, колеги
Во прилог се резултатите од Општинскиот натпреварза учениците од средното образование по региони. Од истите списоци, по одлука на КОМИСИЈАТА за средно образование ќе се одвојат учениците кои ќе бидат учесници на Регионалниот натпревар за учениците од средното образование. 
Регион-ПРИЛЕП, БИТОЛА, МАКЕДОНСКИ БРОД, ДЕМИР ХИСАР, РЕСЕН, КРУШЕВО    види тука
Регион-СКОПЈЕ   види тука
Регион-КУМАНОВО, КРАТОВО; КРИВА ПАЛАНКА, СВ. НИКОЛЕ; ПРОБИШТИП   види тука
Регион-ОХРИД, СТРУГА, МАВРОВО-РОСТУШЕ, КИЧЕВО, ЦЕНТАР ЖУПА, ТЕТОВО, ГОСТИВАР    види тука
Регион-СТРУМИЦА, ШТИП, КОЧАНИ, МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, БЕРОВО, ДЕЛЧЕВО   види тука
Регион-ВЕЛЕС, КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ВАЛНДОВО   види тука
Со почит 
Алекса Малчески

02/02/2019

За нас

Сојузот на математичари на Македонија е здружение на граѓани математичари од Македонија, настанат со здруженија на граѓани, организирани во друштва на математичари во градовите од Македонија, заради усогласување и остварување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон негување популаризација и унапредување на математиката и нејзина примена.

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.