Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

СОБРАНИЕ НА СММ НА УНИВЕРЗИТОТ ФОН

Почитувани
Сојуозт на математичари на Македонија ве известува дека собранието ќе се одржи на 
                        Унивезитетот ФОН со почеток во 12 часот
Точниот дневен ред ќе биде објавен во текот на утрешниот ден. 
Со почит 
Алекса Малчески

13/11/2018

СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА МАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА ПОЧИТУВАНИ

Граѓани на Република Македонија, почитувани професори, наставници, директори,... Сојузот на математичари на Македонија ги отфрла сите инсуинации и неостватерни желби во целост на некои особи кои и не се членови на Сојузот и на Собранието на Сојузот, а кои се пласираат во јавност изминатите денови.  
Согласно Статутот на СММ Собраниенато СММ може да биде свикано како редовно и вонредно (член 18).
Вонредно Собрание може да биде свикано по иницијатива на Надзорниот одбор, Управниот одбор, по писмено барање од најмалку три здруженија во Сојузот или по најмалку 30 членови на Собранието!
Заклучно со 09.11.2018 година на мејл адресите кои се добро познати во јавност нема пристигнато ваква иницијатива, а во архивата на СММ пристигна еден ваков допис. Заради истиот се свикува и собрание...  
Редовно собрание: Седницата на собранието ја свикува Претседателот на Сојузот, со писмено известување до членовите на Собранието. (член 18 од Статутот на СММ)  
Што се однесува до активностите на Управниот одбор на Сојузот и на некои негови членови кои и не се членови на Собранието, а со години одбиваа да работат во Сојузот, сакаме да ве информираме дека надлежностите на Управниот одбор се дефинирани во член 24 од Статутот на Сојузот. Управниот одбор кој се свикал и тајно одлучувал надвор од сите своите надлежности и со тоа драстично го прекршил Статутот на Сојузот!  
Согласно член 28 од Статутот на Сојузот, за работењето, претседателот на Сојузот одговара пред Собранието. Оттука, Управниот одбор нема надлежности да дискутира на тема оставка на Претседателот, единствено надлежно за тоа е Собранието.  
Ова покажува дека некој, кој до вчера добиваше било каков( а некогаш и не мал) ангажман во СММ, одеднаж му текнува на сила да се обидува да го превземе работењето на Сојузот, што е спротивно на Статутот на СММ. Притоа истите особи не се либат да манипулираат, да лажат и да сеат злоба во фелата, заборавајќи на сите резултати кои СММ ги постигна изминатиот период и покрај нивните континуирани-константни опструкции кои се простираа и меѓународно!  
Имајќи во предвид претходно кажаното, Согласно член 18 од Статутот на Сојузот, на 17.11.2018 година е свикано редовно Собрание на Сојузот, на кое покрај избор на нов Претседател на СММ ќе биде даден и целосен отчет за работата на СММ во изминатиот период, како и за работата на Управниот одбор и Надзорниот одбор, а посебно на некои негови членови(се разбира и за нивните меѓународни негативни активности пред се за СММ кои се веќе и докажливи)!
Не е секогаш мој стил на работа да пишувам писма и соопштенија од ваков тип, но некогаш, кога човек е принуден, мора и тоа да го направи. Заради тоа ви се обраќам ВАМ, почитувани...
статут на СММ                      види тука
писмо од Надзорен одбор   види тука
Претседател на СММ
проф.д-р Алекса Малчески

11/11/2018

СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА МАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ
Граѓани на Република Македонија, почитувани професори, наставници, директори,... Сојузот на математичари на Македонија ве информира дека на 
             ден 17.11.2018 година, со почток од 12 часот ќе се одржи
              СОБРАНИЕ НА Сојузот на математичари на Македонија.
Местото на одржување на собранието ќе биде објавено дополонително во понеделник 12.11.2018 година. Дневниот ред ќе биде објавен најдоцна до 14.11.2018 година, среда. Согласно законските одредби се замолуваат сите претставници на претходното собрание да бидат присутни на овогодишното собрание на Сојузот на математичари на Македонија. 
Со почит
Алекса Малчески

09/11/2018

ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА ИГО 2018

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ
На ден 02.11.2018 година, во просториите на Машинскиот факултет со почеток во 12 часот ќе се изврши доделување на наградите од овогодишната Иранска геометриска олимпијада 2018. Се повикуваат сите ученици кои се на списокот кој е логиран да дојдат и да си ги подигнат соодветните награди. ДОПОЛНИТЕЛНО ДЕЛЕЊЕ НА НАГРАДИ НЕМА ДА СЕ СПРОВЕДУВА. 
список      види тука
Со почит 
Алекса Малчески
___________________________________________________________________________
Почитувани 
Во прилог е благодарницата која ја добивме како награда за спроведениот систем на натпревари во минатата учебна година. На сите наредни претседатели им посакувам во иднина да не зарадуваат и со редица повредни награди и продобивки кои ќе бидат резултат на работењето на СММ. 
награда    види тука
со почит
Алекса Малчески

25/10/2018

Страни: <1234> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.