Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Најнови вести Сите вести
Натпревари - Основно школо

ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2017

МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЈУНИОРСКАТА БАЛКАНКСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА ОСВОИ 

      Т Р И   Б Р О Н З Е Н И    М Е Д Љ И

Покрај тоа една од натпреварувачките задачи беше МАКЕДОНСКА. Честитки за целата македонска екипа.  
____________________________________________________________________________
Македонските претставници на МЕДИТЕРАНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2017 освои ЕДЕН ЗЛАТЕН, ДВА СРЕБРЕНИ и ТРИ БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ. Останатите учесници освоија пофалници. 
Сојузот на математичари на Македонија на сите учесници на овој настан им го честита успехот и учеството на истиот. 
резултати МеМО 2017     види тука
услови за добивање на медаљи   види тука
___________________________________________________________________________
Република Македонија на овогодишниот циклус на меѓународни натпревари освои вкупно 42 медаљи. 
Сојуозт на математичари на Македонија на сите учесници на овие натпревари им го честита успехот, а посебно на освојувачите на медаљите. Се надеваме дека наредната година овие успеси Република Македонија ќе ги наголеми.
___________________________________________________________________________ 

Со почит
Алекса Малчески

27/06/2017

Натпревари - Основно школо

НАГРАДИ И ПОФАЛНИЦИ за IX одделение

Почитувани колеги, почитувани натпреварувачи, почитувани родители
Наградите за ДРЖАВНИОТ натпревар, ОПШТИНСКИОТ натпревар, РЕГИОНАЛНИОТ натпревар и наградите за меѓународниот натпревар КЕНГУР 2017 за учениците од основното образование можете да ги подигнете од седиштето на СММ во студентската населба СТИВ НАУМОВ. Подигнувањето на овие награди ќе се одвива ЛИЧНО со користење на лични исправи. Истите нема да се испраќаат по пошта. 
Контакт телефон за подигање на наградите е 075 321093. 
Со почит 
АЛекса Малчески
претседател на СММ

27/06/2017

Натпревари - Основно школо

ПРИПРЕМИ ЗА ИМО 2017

ПОЧИТУВАНИ
Припремите за ИМО 2017 ќе се одржуваат на машински факултет:
Просторија: 124 
Време: 09:00-12:00
Предавач: Велинов Даниел
Финансиски средства не се потребни за слушањето на курсевите. Ограничувања во однос на тоа кој може да учествува НЕМА
Со почит Алекса Малчески

24/06/2017

Олимпијади - Македонска Математичка Олимпијада

ПРИПРЕМИ ЗА ИМО 2017 година

Во периодот од 25.06.2017 до 30.06.2017 ќе се одржи математички камп, на кој ќе учествуваат и натпреварувачите за ИМО 2017. Сите заинтересирани ученици СММ ги покануваа на оваа манифестација. Тема на кампот ќе биде ТЕОРИЈА НА БРОЕВИ. 
Со почит 
Алекса Малчески
Претседател на СММ

13/06/2017

За нас

Сојузот на математичари на Македонија е здружение на граѓани математичари од Македонија, настанат со здруженија на граѓани, организирани во друштва на математичари во градовите од Македонија, заради усогласување и остварување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон негување популаризација и унапредување на математиката и нејзина примена.

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.